живот

Колумбија: Големиот број мачки на гробиштата во Момпокс привлекуваат внимание веќе две децении

Во јавноста често може да се слушне приказна што ги поврзува мачките на гробиштата со смртта на синот на градоначалничката на Момпокс од 2001 година

Elvır Hodzıc  | 28.11.2021 - Обновена : 29.11.2021
Колумбија: Големиот број мачки на гробиштата во Момпокс привлекуваат внимание веќе две децении Фото: Juancho Torres/АА

МОМПОКС (АА) - Градските гробишта во колумбиското гратче Момпокс се познати по големиот број мачки кои две децении живеат во тој комплекс, за што се врзуваат многу легенди и митови, пишува Агенција Анадолија (АА).

Многумина сметаат дека мачките на тие гробишта се населиле за да уживаат во сончањето и тишината, додека други сметаат дека се таму поради некоја подлабока причина.

Еден од можните одговори на прашањето зошто мачките за свој дом ги избрале токму гробиштата во Момпокс е тоа што таму наоѓаат доволно храна, најчесто од туристите и мештаните кои ги посетуваат гробовите на најблиските.

Меѓутоа, во јавноста често може да се слушне приказна што ги поврзува мачките на гробиштата со смртта на синот на градоначалничката на Момпокс од 2001 година.

Ден по погребот, на неговиот гроб се појавила мала црна мачка. Ова семејство од 1923 година локално е познато под прекарот „Мачки“, па тоа било и мотив за низата митови и легенди кај луѓето од тие простори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.