живот

И покрај дигиталната ера, Ајдин од турски Гиресун веќе 50 години ја одржува живa традицијата на касети и плочи

Ајдин, кој од 1976 година започнал да продава касети во центарот на градот, со години ја негува професијата кон која е страсно приврзан

Gültekin Yetgin  | 05.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
И покрај дигиталната ера, Ајдин од турски Гиресун веќе 50 години ја одржува живa традицијата на касети и плочи Фото: Gültekin Yetgin/AA

ГИРЕСУН (АА) - Ахмет Ајдин (69), и покрај дигиталната ера во која се наоѓаме, веќе половина век продолжува да ги приближува касетите и плочите до нивните љубители во турски Гиресун, пишува Анадолу.

Ајдин, кој од 1976 година започнал да продава касети во центарот на градот, со години ја негува професијата кон која е страсно приврзан. Иако денес слушателите сè повеќе се насочуваат кон дигитални содржини, тој воопшто не размислува да стави крај на својот бизнис.

Во продавницата на Ајдин заземаат место повеќе од 1.500 касети и плочи со носталгични песни, почнувајќи од 1980-тите години па до понов период.

Тој продолжува верно да им служи на љубителите и на младите кои за првпат се запознаваат со касетите.
Ахмет Ајдин за АА рече дека професијата ја продолжува не поради заработка, туку поради носталгија.

Посочувајќи дека во минатото побарувачката за касети била многу поголема, тој раскажа дека, иако повеќе не се произведуваат аудиокасети, купува стари касети што ги наоѓа во магацини и им ги продава на колекционерите.

Ајдин наведе дека на полиците има касети стари 35–40 години.

„Сакам новите генерации да слушаат касети. Звукот на аудиокасетата и на плочата е поинаков, а поинаков е и звукот на песните што се слушаат од надворешни мемории. Особено шушкавиот и топол звук на плочата му е попријатен на човекот. Сега повторно се изработуваат нови плочи, но старите се од поголема важност и потешко се наоѓаат“, раскажа тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.