економија

Палмино масло: Здрава намирница за која секојдневно се уништуваат шуми

Палминото масло е со црвеникава боја, поради високата количина на бета каротен. Изобилува со витамини А и Е, како и со висок процент на незаситени масни киселини

Admir Krehmiç  | 22.01.2017 - Обновена : 23.01.2017
Палмино масло: Здрава намирница за која секојдневно се уништуваат шуми

Sumatra

СУМАТРА (АА) - Палминото масло е едно од растителните масти кое благодарејќи на својот состав и хранливост, најде широка примена во козметиката и кулинарството ширум светот. Најголеми произведувачи на палмино масло денес се Индонезија и Малезија, пишува Anadolu Agency (АА).

Палминото масло се добива со цедење на црвено-жолти плодови од палмините посеви. Овој вид на палма е со потекло од африканскиот континент, но денес се одгледува претежно во југоисточна Азија, односно Индонезија и Малезија.

Палминото масло е со црвеникава боја, поради високата количина на бета каротен. Изобилува со витамини А и Е, како и со висок процент на незаситени масни киселини.

Во југоисточна Азија палминото масло секојдневно се користи во исхраната, а на локалното население во Северна Суматра работата на палмините плантажи е еден од изворите на приходи.

Поради сè поголемата комерцијална побарувачка на палмино масло, во Индонезија и Малезија секоја година се уништуваат сè поголеми површини на дождовни шуми.

Поради овие факти, палмините плантажи и користењето на палмино масло наидуваат на остра критика од љубителите и чуварите на природата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın