Балкан

„Прошетка на срамот“, имињата на пратениците на Собранието на Косово испишани на плоштад

Инсталацијата „Прошетка на срамот“ (Walk of shame) е реализирана на плоштадот „Ибрахим Ругова“ како знак на протест, при што името на секој пратеник е пречкртано

Agim Sulaj  | 19.09.2025 - Обновена : 20.09.2025
 „Прошетка на срамот“, имињата на пратениците на Собранието на Косово испишани на плоштад Фото: Erkin Keçi/AA

ПРИШТИНА (АА) - Имињата на 120 пратеници на Собранието се испишани на бели листови и залепени на плочникот во близина на влезот на зградата на косовското Собрание, како израз на протест поради неговото нефункционирање, иако поминаа повеќе од седум месеци од изборите на 9 февруари, јавува Анадолу.

Инсталацијата „Прошетка на срамот“ (Walk of shame) е реализирана на плоштадот „Ибрахим Ругова“ како знак на протест, при што името на секој пратеник е пречкртано.

Организаторот на оваа акција, Фатмир Битиќи, повеќе од 25 дена стои пред Собранието на Косово барајќи негово конституирање.

Тој изјави дека цел на неговата акција е граѓаните да се освестат за да не ги гласаат повеќе сегашните пратеници, без оглед на политичката партија што ја претставуваат.

Моментално, работата на пратениците на Собранието на Косово е суспендирана до 30 септември од страна на Уставниот суд, поради жалбата поднесена од партијата Српска листа, во врска со одвоеното гласање за потпретседателите на Собранието од немнозинските несрпски заедници и од немнозинската српска заедница, кои досега се гласаа во еден пакет.

По оваа одлука вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, на 7 септември изјави дека Уставниот суд функционира како политичка сенка на опозицијата против Движењето Самоопределување, што предизвика реакција и од меѓународната заедница во Косово.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.