Ѓуро Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија
- Ѓуро Мацут денес официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ

БЕЛГРАД (АА) - Ѓуро Мацут денес официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ, јавува Анадолу.
Примопредавањето се случи во зградата на српската Влада во Белград еден ден откако Народното собрание на Србија гласаше за избор на новата Влада.
Подоцна во текот на денот новата српска Влада ќе ја одржи првата седница во новиот состав.
На почетокот на неделата Мацут пред Собранието ги претстави својата програма и членовите на кабинетот.
Српското народно собрание вчера го потврди новиот состав на Владата со вкупно 31 член. Премиерот Мацут и членовите на неговиот кабинет положија заклетва пред пратениците во Собранието, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.