Балкан

ТИКА ги поддржува здравството и судството во Северна Македонија

- ТИКА обезбеди опрема за Клиниката за уво, нос и грло во комплексот „Мајка Тереза“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe и подобрување на техничката инфраструктура и реновирање на салата за состаноци на Основниот суд во Гостивар

Ahmet Nurduhan  | 30.09.2025 - Обновена : 30.09.2025
ТИКА ги поддржува здравството и судството во Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди поддршка во секторите за здравствена заштита и судство во Северна Македонија, известува Анадолу.

ТИКА обезбеди опрема за Клиниката за уво, нос и грло во комплексот „Мајка Тереза“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe.

На програмата што се одржа на универзитетот по повод завршувањето на проектот присуствуваа турскиот амбасадор во Скопјe, Фатих Улусој, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, министерот за здравство на Северна Македонија, Азир Алиу, како и медицинскиот персонал.

Министерот Алиу истакна дека ТИКА обезбедила поддршка во сите потребни области и изрази благодарност за оваа поддршка.

По програмата во болницата, делегацијата присуствуваше на церемонија во Основниот суд во Гостивар, каде што беше подобрена техничката инфраструктура и реновирана салата за состаноци. Делегацијата ја пречека претседателот на судот, Ељеса Алији.

Во својата изјава амбасадорот Улусој изрази задоволство од поддршката на ТИКА за Основниот суд во Гостивар.

Улусој ја нагласи континуираната поддршка на Турција на развојни проекти во Северна Македонија и ја истакна важноста на проектите насочени кон подобрување на институционалниот капацитет во судството.

„Денес свечечено ја отвораме целосно реновирана и опремена салата за состаноци на Основниот суд во Гостивар, а покрај тоа, обезбедена е и техничка опрема“, рече амбасадорот Улусој.

Улусој истакна дека поддршката на Турција за Северна Македонија продолжува уште од нејзиното осамостојување и додаде дека Клиниката за уво, нос и грло е опремена со електрокаутериски уреди, кои го запираат крвавењето во текот на хируршките интервенции, го намалуваат ризикот од инфекција и клучни се во прегледите за рано откривање.


- „Спроведовме приближно 1.300 проекти за 20 години во Северна Македонија“

Чевик изјави дека ТИКА дејствува во Северна Македонија приближно 20 години и додаде:

„Додека продолжуваме со овие активности, се стремиме да ги имплементираме нашите проекти почитувајќи ги домашниот правен систем, етичкиот систем и културната структура. Во Северна Македонија спроведовме приближно 1.300 проекти во текот на изминатите 20 години. Од нив, 381 проект се насочени кон подобрување на граѓанската инфраструктура и институционалниот капацитет.“

Чевик истакна дека Северна Македонија има култура на коегзистенција меѓу различни етнички групи и религиозни структури и посочи дека обезбедуваат поддршка за подобри работни услови во областа на судството.

Претседателот на Основниот суд во Гостивар Алији во своето обраќање истакна:

„Денес се собравме за да прославиме еден посебен настан што е резултат на искрено пријателство и соработка меѓу Турција и Северна Македонија.“

Заблагодарувајќи ѝ се на ТИКА за поддршката, Алији рече: „Оваа поддршка е уште еден доказ за посветеноста на ТИКА на поддршката на нашите институции и развојот на нашиот правосуден систем.“

Покрај ова, ТИКА ќе продолжи со поддршка и на одделенијата за изгореници во здравствените установи, што се малобројни во Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın