МКСЈ отвори независна стручна истрага во врска со смртта на Слободан Праљак
Праљак почина во болницата во Хаг, откако во хашката судница испи отров бидејќи Меѓународниот казнен суд за поранешна Југославија (ICTY) му ја потврди казната од 20 години зтавор за воени злосторства

Sarajevo
САРАЕВО (АА) - За да се дополни тековната истрага на холандските власти во врска со смртта на Слободан Праљак, секретарот на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ), утринава отвори независна стручна истрага за внатрешната работа на МКСЈ, во согласност со стандардните процедури, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истрагата ќе ја предводи судијата Хасан Б. Џалоу, претседател на Врховниот суд на Гамбија и поранешен обвинител на Меѓународниот кривичен суд за Руанда и на Механизмот за меѓународни кривични судови.
Таа ќе започне наредната недела, со цел извештајот да се поднесе пред затворањето на МКСЈ на 31 декември оваа година. Целта на истрагата е да се разгледаат постоечките процедури, како и да се дадат препораки што можат да им користат на другите судови во иднина.
Резултатите од оваа истрага ќе бидат објавени во јавноста, со ограничувања кои произлегуваат од законската правна постапка и од обврските за доверливост.
Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна југославија (МКСЈ) ги потврди казните од првостепената пресуда од 2013 година на Јандранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Валентин Чориќ и Берислав Пушиќ, со кои се прогласени за виновни за злосторствата против муслиманското бошњачко население во таканаречената Хрватска Република Херцег- Босна (HRHB) и осудени на вкупно 111 години затвор.
Праљак почина во болницата во Хаг, откако во хашката судница испи отров бидејќи Меѓународниот казнен суд за поранешна Југославија (ICTY) му ја потврди казната од 20 години зтавор за воени злосторства.