политика, Балкан

Министерот Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос

Интеграцијата во ЕУ не е само декларативна обврска туку јасен стратегиски приоритет на Владата, истакна Муцунски

Elena Trenchevska Chekovic  | 30.06.2025 - Обновена : 30.06.2025
Министерот Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос Фото: Официјален профил на Муцунски на платформата X

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес во Скопје оствари средба со комесарката за проширување на Европската Унија (ЕУ), Марта Кос, пренесува Анадолу.

Тој во објавата на социјалните мрежи по повод средбата со еврокомесарката истакна дека интеграцијата во ЕУ не е само декларативна обврска туку јасен стратегиски приоритет на Владата.

„Утрешниот самит ќе се фокусира на Планот за раст, реформската агенда и предизвиците со кои се соочуваат нашата земја и регионот на патот кон полноправно членство во ЕУ“, посочи Муцунски.

Еврокомесарката Кос престојува во Скопје по повод утрешниот самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.