Балкан

Комеморативна церемонија за Ататурк во земјите на Балканот

- Во турските амбасади во балканските земји Северна Македонија, Албанија, Косово, БиХ, Србија, Црна Гора и Хрватска се одржаа комеморативни церемонии по повод 87-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција

Dzihat Aliju, Vesna Besic  | 10.11.2025 - Обновена : 10.11.2025
Комеморативна церемонија за Ататурк во земјите на Балканот

СКОПЈЕ (АА) - Во турските амбасади во балканските земји Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска се одржаа комеморативни церемонии по повод 87-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, јавува Анадолу.


- Северна Македонија

Турската амбасада во Скопје организираше свеченост по повод 10 ноември, Денот на сеќавањето на Ататурк.

Вработени во амбасадата, претставници на турските институции и организации во земјата, како и гости учествуваа на церемонијата организирана од амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој.

По едноминутно молчење во 09:05 часот во резиденцијата на амбасадата, беше интонирана националната химна.

Во својот говор овде првиот советник на амбасадата и заменик-шеф на мисијата, Анил Кајалар, рече дека на Ататурк се сеќаваат милиони луѓе низ светот.


- Албанија

Програма за комеморација за Мустафа Кемал Ататурк имаше и во Тирана, главниот град на Албанија, на 87-годишнината од неговата смрт.

Вработени во амбасадата, претставници на турските институции во земјата и гости учествуваа на комеморативната церемонија организирана од турскиот амбасадор во Тирана, Тајар Каган Атај, во зградата на амбасадата.

Во својот говор Нуртен Ишлер, аташе на турската амбасада во Тирана, истакна дека 10 ноември не е само ден на сеќавање за турската нација, туку и значаен ден кога се паметат и ценат принципите, визијата и идеалите на човештвото на Ататурк.


- Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Косово и Црна Гора

Вработените и гостите се собраа во турската амбасада во Сараево за да ја одбележат годишнината. Беше прикажана фотографијата на Ататурк, како и исечоци од неговиот живот и средбите со лидери од други земји.

На церемонијата, која се одржа во Институтот „Јунус Емре“ (YEE) во Загреб, главниот град на Хрватска, присуствуваа амбасадорката Нурдан Ерпулат Алтунташ, амбасадорот на Азербејџан во Загреб, Анар Иманов, претставници на турски институции и организации, граѓани, како и академици и студенти од Одделот за туркологија на Универзитетот во Загреб.

Годишнината од смртта на Ататурк со посебна програма беше одбележана и во турската амбасада во Белград.

Програма за Ататурк имаше и во турските амбасади во Косово и Црна Гора.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.