живот, Балкан

Елбасан-тава: Вкус од Албанија што им пркоси на вековите

- Муса Курмаку (59) од Елбасан, мајстор за Елбасан-тава: „Ние го нарекуваме јогурт-тава, додека Турците го нарекуваат Елбасан-тава. Досега никој не кажал дека е незадоволен.“

Fatjon Cuka, Dzihat Aliju  | 21.03.2022 - Обновена : 22.03.2022
Елбасан-тава: Вкус од Албанија што им пркоси на вековите Фото: Олси Шеху / АА

ЕЛБАСАН (АА)

- Фатјон ЦУКА


Елбасан-тава, едно од традиционалните јадења во Албанија, со векови продолжува да ги краси софрите.

Традиционалното јадење што го добило името по самиот град Елбасан, што се наоѓа во централниот дел на земјата, се готви и надвор од границите на Албанија.

Елбасан-тавата, едно од традиционалните и карактеристични јадења на албанската кујна, сè уште се готви и дома и во рестораните.

Јадењето што се прави со јагнешко или козјо месо се става во рерната откако најпрвин ќе се додаде сол и масло. Откако месото ќе се испече се чека да се олади. Потоа се подготвува смеса што се состои од јајца, брашно и јогурт. На крајот месото и смесата се ставаат во земјена тава, а потоа во рерна за да се испечат.

По желба може да се користи и ориз.


- Подготовката на Елбасан-тавата трае околу час и половина

Муса Курмаку (59) од Елбасан, еден од мајсторите за Елбасан-тава, за Агенција Анадолија (AA) зборуваше за традицијата на јадењето во неговото семејство и за интересот на посетителите што доаѓаат во неговиот ресторан.

Наведувајќи дека 30 години подготвува Елбасан-тава, Курмаку рече дека исто така прави различни традиционални јадења во тава, а оваа традиција ја наследил од својот дедо, а со традицијата ќе продолжи и неговиот син.

Додавајќи дека Елбасан-тавата ја прави во ресторанот што се наоѓа во замок и е полн со стари предмети наследени од неговото семејство, Курмаку рече: „Готвењето на една тава трае најмалку час и половина од готвењето на месото до завршна фаза. Почнувам со работа во 3:30 часот наутро и подготвувам сè.“

Нагласувајќи дека специјалноста на Елбасан-тавата е тоа што маслото, брашното, јајцата, јогуртот, месото и другите состојки се природни, Курмаку истакна дека не сака да ја сподели тајната на подготовката на јадењето и дека тоа го има пренесено само на својот син.


- „Ние го викаме јогурт-тава, Турците го викаат Елбасан-тава“

Наведувајќи дека Турците го заземаат првото место меѓу странците што го посетуваат неговиот ресторан и сакаат да вкусат од Елбасан-тавата, Курмаку рече: „Ние го нарекуваме јогурт-тава, додека Турците го нарекуваат Елбасан-тава. Досега никој не кажал дека е незадоволен. Има луѓе што доаѓаат од Косово. Има луѓе што доаѓаат и од западните земји, сите европски земји, Америка, оние од Азија. Во дневникот за впечатоци го напишаа нивното задоволство.“

Наведувајќи дека Елбасан-тавата ја вкусиле посетители од 138 различни земји, Курмаку рече дека меѓу оние што ги запишале своите впечатоци во дневникот најмногу се истакнуваат турските туристи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.