Балкан

Гевгеличани се изјансија против отворање рудници за злато

Против отворањето рудници за злато на Кожуф се изјасниле 13.097 граѓани (97,85%) ,154 биле за (1,15%), а 133 ливчиња (0,95%) се прогласени за неважечки

Admir Fazlagic  | 24.04.2017 - Обновена : 24.04.2017
Гевгеличани се изјансија против отворање рудници за злато (Foto: Toni Avramov/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Жителите на Гевгелија на вчера спроведениот референдум се изјанија против отворање рудници за злато на планината Кожуф, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од Општинската изборна комисија на Гевгелија(ОИК) соопштија дека од запишаните 19.459 гласачи, заклучно со 19 часот гласале 13.384 граѓани односно 68 отсто од општинското гласачко тело.

Против отворањето рудници за злато на Кожуф се изјасниле 13.097 граѓани (97,85%), 154 биле за (1,15 %), а 133 ливчиња (0,99%) се прогласени за неважечки.

Според конечните резултати од гласањето, жителите на општина Гевгелија со огромно мнозинство донесоа одлука за заштита на животната средина и ја обврзаа општината да не дозволи отворање на рудници за злато на територијата на општина Гевгелија.

Инаку, одржувањето на референдумот е иницирано од здружението „Спас за нас“ кој поднесе иницијатива до Советот на општина Гевгелија, а кој пак одлучи референдумот да се одржи на 23 април 2017 година.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.