култура и уметност, Балкан

Британскиот бенд „Масив атак“ синоќа одржа концерт во Скопје на кој изрази поддршка за Палестина

- Понесени од еуфоријата што ја создаде „Масив атак“ со својата музика и визуелна презентација, и публика на концертот ја искажа својата поддршка извикувајќи „Слободна Палестина“.

Oktaj Omeragikj  | 29.06.2025 - Обновена : 29.06.2025
Британскиот бенд „Масив атак“ синоќа одржа концерт во Скопје на кој изрази поддршка за Палестина

СКОПЈЕ (АА) - Британски бенд „Масив Атак“ (Massive Attack) синоќа во рамките на „Скопје колинг“ одржа концерт на Стадионот на Арм во Градскиот парк на кој уште еднаш го искажа својот револт кон израелските напади врз Појасот Газа, известува Анадолу.

На концертот во Скопје бендот од Британија ја продолжија својата кампања со која на публиката, покрај одличната музика, им го презентира и својот револт за случувањата во Палестина, укажувајќи на геноцидот што Израел го спроведува врз Палестинците во палестинска енклава Појасот Газа.

Концертот на британскиот бенд започна со слики, говори, статистика и други податоци прикажани на екранот на сцената, кои го истакнуваа палестинското страдање и повикуваа на мир.

Понесени од еуфоријата што ја создаде „Масив атак“ со својата музика и визуелна презентација, и публика на концертот ја искажа својата поддршка извикувајќи „Слободна Палестина“.

Ова беше уште еден од низата концерти на британскиот бенд на кој ја истакнаа својата критика кон светот во кој живееме.

Бендот „Масив атак“ со коцерт се врати во Скопје по 15 години како учесник на фестивалот „Скопје колинг“. Пред нив настапи Дина Јашари и нејзиното трио.


- Концерти на „Масив атак“ со поддршка на Палестина

Бендот „Масив атак“ за прв пат својата поддршка за Палестинците ја презентираше на фестивалот ЛИДО во Лондон на 6 јуни 2025 година.

По овој настап бендот продолжи да прикажува пораки за поддршка на Палестина и на другите концерти.

„Масив атак“ ги користи музиката, визуелните елементи, коментарите и институционалниот активизам за поддршка на палестинските права, хуманитарната помош и прекинот на огнот во Газа.

Британскиот бенд, исто така, одбива да настапи во Израел од 1999 година, прикажувајќи го тоа како ненасилен протест против окупацијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın