свет

Франција: Жена, поради семејно насилство го пријави сопругот католик дека е „исламист“

Француската полиција по повикот ја посети жената која тврдеше дека е подложена на насилство и откри дека нејзиниот сопруг е конзервативен католик и дека оружјето во куќата е легално

Alaattin Doğru  | 21.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Франција: Жена, поради семејно насилство го пријави сопругот католик дека е „исламист“

ПАРИЗ

Во Франција, жена подложена на насилство од страна на нејзиниот сопруг, на полицијата пријави дека нејзиниот сопруг католик е „радикален исламист" кој поседува оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во градот Ним, една жена подложена на насилство од страна на нејзиниот сопруг повикала полиција на која ѝ пријавила дека нејзиниот сопруг е „радикален исламист" кој поседува нелегално оружје.

Француската полиција по повикот ја посети жената која тврдеше дека е подложена на насилство и откри дека нејзиниот сопруг е конзервативен католик и дека оружјето во куќата е легално.

Отворена е истрага против мажот за семејно насилство, а за жената истрага за клевета.

Откако минатата недела еден наставник беше пронајден мртов, француската полиција за цел ги зема муслиманите и исламските организации низ целата земја.

Телото на еден наставник беше пронајдено обезглавено на 16 октомври, во населбата Конфленс-Сен-Онорин.

Француските власти објавија дека осомничениот за убиство на наставникот бил забележан во близина на телото со нож во раката и бил застрелан од полицијата откако почнал да бега.

Беше истакнато дека наставникот за време на часот покажал карикатури на божјиот пратеник Мухамед и дека родителите реагирале на тоа.

По убиството на наставникот, француската полиција изврши рација во над 50 џамии и здруженија низ целата земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın