Murat Paksoy,Emrah Güney,İsmail Özdemir
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим на отворањето на тунелот под Босфорот што ќе ги соедини Европа и Азија, зборуваше за повеќе дневнополитички настани, но особено го истакна убиството на рускиот амасадор во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вчера, во еден крвав напад животот го загуби амбасадорот на Русија во Анкара. Тероризмот уште еднаш го покажа своето подло лице. Овој напад несомнено е подла провокација со цел да се раскинат турско-руските врски. Но што и да направат, што и да се обидат, турско-руските односи ќе продолжат да се развиваат. Нема ја имаат доволно моќ да ги раскинат врските меѓу двете земји“, рече премиерот Јилдирим.
„Подготвени сме да ја покажеме сета наша одлучност за елиминирање на нестабилноста што постои во регионот. Со сигурни чекори напредуваме во таа насока“, рече во своето обраќање премиерот Јилдирим и додаде: „Со ѓаволски стапици на пролевање крв и одземање животи, нема да ја оттргнат Турција од нејзините човечки вредности, демократијата, правната држава. Што сакаат нека прават, Турција нема да излезе од нејзините зацртани правни цели. Можат да прават што сакаат, но нема да му наштетат на нашето илјадагодишно братство на територијата на Анадолија“.
„Новиот Аеродром ќе го отвориме на 26 февруари 2018 година“
Турскиот премиер Јилдирим истакна дека се надева оти новиот аеродром биде отворен на 26 февруари 2018 година. „Уште сега посакувам да ни е со среќа“, вели Јилдирим.
Тунелот е едно историско дело за Турција, но истовремено и дело на човештвото
„По повод 90-годишнината од основањето на Република Турција, го пуштивме во употреба проектот „Мармарај“. Оттогаш досега, повеќе од 160 милиони преминуваат преку „Мармарај“, од Азија кон Европа. Во јуни беше пуштен мостот „Османгази“, а пак во август мостот „Јавуз Селим“. Денеска во промет го пуштаме тунелот „Евроазија“. Ова големо дело, првенствено колку и да претставува дело на Истанбул, дело на Турција, тоа исто толку е и дело на човештвото. Братот на проектот „Мармарај“ е дело на нашиот народ од Евроазија, тој е ваше дело, бидејќи да ја немавме вашата поддршка, овие дела не ќе можевме да ги иградиме“, рече понатаму во својот говор турскиот премиер Јилдирим.
„Ќе ги извлечеме на виделина и сите оние што стојат зад овие терористички организации“
Турскиот премиер во своето обраќање истакна дека нема да се дозволи да се уништи братството и заедништвото.
„Овие градби ги градиме на начин што доликува на историјата на Истанбул и на Турција, која се темели на мирот, љубовта, пријателството, братството. Нашето братство, единство, заедништвото го цениме повеќе од кога било досега. Нема да ѝ дозволиме на ниту една подла организација да се обиде да го расипе ова братство. Ќе ги извлечеме на виделина и сите оние што стојат зад овие терористички организации“, изјави премиерот Јилдирим.