Çiğdem Alyanak
26 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
БУРСА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денеска изјави дека следната година ќе биде готов прототипот на првиот турски автомобил, а продажбата би можела да започне во следните две до три години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Прототипот на првиот автомобил од турско производство ќе биде готов во 2019 година, а сериското производство во 2020-2021“, рече Јилдирим на Конгресот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (AK Parti), што се одржа во Бурса.
Јилдирим, исто така, најави дополнително зголемување на производните капацитети, конкурентноста, истражувањата и развојните капацитети.
„Со забрзување на технолошкиот трансфер, ќе произведуваме повеќе домашни производи', рече Јилдирим.
На производството на првиот турски автомобил ќе работат пет компании - Анадолу Груп (Anadolu Group), Кирача Холдинг (Kiraca Holding), Турксел (Turkcell) и Зорлу Холдинг (Zorlu Holding).
Јилдирим укажа на тоа дека Турција продолжува да расте и да се развива во време кога дури и најмоќните економии во светот се соочуваат со криза.
Тој рече дека рекордниот економски раст забележан во 2017 година ќе продолжи да се зголемува во извозот и во вработувањето.
Тој, исто така, посочи дека извозот во 2017 година изнесувал 28 милијарди долари и дека производството на домашниот автомобил за Турција станало неопходно, и дека и таа цел ќе биде остварена.