Ali Kemal Akan
19 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - По се поголемиот број на поранешни турски војници и полицајци кои го признаа членството во терористичката организација ФЕТО, и открија други значајни имиња во ФЕТО, лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, овие лица ги прогласи за неверници, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи е објавена видео снимка со говорот на Фетула Ѓулен, а чија цел е на припадниците на терористичката организација ФЕТО да им се упатат пораки и да се пренесат наредби. Видеоснимката е објавена на профилите блиски на организацијата.
Ѓулен во својот говор им се обраќа на поранешните припадници на ФЕТО кои признаа дека биле членови, и кои ги разотрикваат останатите членови, а ги нарекува неверници.
Ѓулен исто така нагласува дека организацијата моментално поминува низ критичен период, и дека голем број на лица направиле погрешен избор.
Исто така порачува дека е поголем себап (доброчинство) e да се биде изложен на насилство отколку да се биде тој 'кој што ќе признае'. Според неговите зборови, оние кои признаваат дека се членови или дешифрираат други членови на организацијата, на 'патот на исламот се неверници', па и кога 'дневно би ја извршувале молитвата 10 пати'.
Членовите на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, инфилтрирани во турската војска се обидоа да извршат државен удар притоа убивајќи 250 и ранувајќи повеќе од две илјади лица.
Во рамките на судските процеси покренати по неуспешниот обид за државен удар, членовите на ФЕТО ја признаа поврзаноста со таа терористичката организација и разоткрија делови на мрежата кои се состојат од лицата со кои биле поврзани.
Турските официјални лица во повеќе наврати предупредија на дејствувањето на ФЕТО во голем број на земји во светот укажувајќи на опасноста која таа организација ја претставува за секоја земја во која дејствува.