Ensar Balcı
19 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, проф. д-р Мехмет Ѓормез, го осуди нападот извршен од страна на израелските војници, близу влезот на џамијата Ал Акса, во кој беше ранет имамот на оваа џамија, Екрима Сабри, јавува Anadolu Agency (AA).
„Остро го осудувам нападот извршен од страна на израелските војници по вечерната молитва (јација намаз) врз мировниот пратеник на месџид Ал Акса, поранешен муфтија на Ерусалим и имам на Месџид Ал Акса, Екрима Сабри“, истакна Ѓормез во неговата објава на „Twiter“ (Твитер) во врска со нападот извршен од страна на израелските војници врз имамот на Ал Акса, и вели дека секој разумен човек е загрижен поради случувањата во Ал Акса и околината.
„Верувам дека нема да се дозволи во месџид ал Акса да се случи она што се случи во Ибрахимовата џамија во Хеброн, местото на божјите пратеници Ибрахим, Исхак, Јакуп и Јусуф, кои се залагаа за разумност, умереност и мир“, истакна Ѓормез осврнувајќи се на масакрот во 1994 година, во Ибрахимовата џамија, каде што 30 верници беа убиени од страна на еврејски терорист роден во САД.
„Нашата најголема желба е што побргу да завладее здравиот разум“, рече Ѓормез.
Израелските сили интервенираа на Палестинците кои со извршувањето на молитвата пред влезот на верскиот комплекс протестираа поради одлуката на Израел за поставување детектор за метал на влезот во Ал Акса.
Припадниците на израелските сили со употреба на прекумерна сила се обидоа да ги растераат собраните верници меѓу кои беше и претседателот на Врховниот исламски комитет, а воедно и имам на Ал Акса, Сабри, кој притоа беше ранет со гумен куршум.
Имамот Сабри потоа беше префрлен во болницата ал-Макасед, која се наоѓа во Источен Ерусалим.