Abdullah Doğan
12 Февруари 2023•Ажурирај: 12 Февруари 2023
АДАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, допатува во посета на Туркије, во текот на која ќе ги посети регионите погодени од земјотресите, известува Анадолу.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, допатува утрово во Адана, една од 10-те турски области што се погодени од земјотресот.
Турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чаушоглу, го дочека својот грчки колега Дендијас на аеродромот, а потоа одржаа состанок без присуство на претставниците на медиумите.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.