Muhammed Enes Çallı
05 Јули 2023•Ажурирај: 06 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес телефонски разговараа за проширувањето на НАТО и за Договорот за жито преку Црно Море, пренесува Анадолу.
Информацијата ја потврдија турските дипломатски извори што сакаа да останат анонимни.
Двајцата највисоки дипломати се осврнаа и на соработката во борбата против заканата од синтетички дроги и претстојниот меѓународен состанок за ова прашање, на кој САД ќе бидат домаќин на 7 јули, истакнаа изворите.