Gültekin Yetgin
04 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ГИРЕСУН (AA) – ЃУЛТЕКИН ЈЕТГИН –
Езерото Мавиѓол (Сино Езеро), кое се состои од четири мали и големи езера во реката Ѓоксу во градот Гиресун, со својата тиркизна боја која ја добива во текот на летото, го привлекува вниманието на туристите, пишува Anadolu Agency (AA).
Езерото Мавиѓол е едно од најзначајните ресурси на Паркот на природата „Кузалан“, кој на површина од 482 хектари во областа Дерели привлекува внимание со своите водопади, реки и езера.

Синото Езеро е сместено на реката која се наоѓа вдолж патот Гиресун - Шебинкарахисар и едно од најпосетените места од страна на локалните и странските туристи кои доаѓаат во градот.
Езерата во рамките на потокот на реката Ѓоксу формирани се како резултат на карпестата структура на сливот. Со топењето на снегот од месец јуни од декември течат во тиркизна боја. Дневно ги посетуваат речиси 5 илјади туристи.
Мурат Јајла, одговорен за Паркот на природата „Кузалан“, за АА изјави дека езерото Мавиѓол, кое за време на летната сезона добива тиркизна боја, стана многу популарна туристичка дестинација.

Наведувајќи дека Мавиѓол го посетуваат и локални и странски туристи, Јајла рече: „Минатата недела, возилата до Европа кои одеа во Монголија за рели-натпревар го посетија и Мавиѓол. Мавиѓол сега се здоби и со меѓународна позиција.“
Јајла истакна дека 90 проценти од националните тур-компании во рамките на аранжманите за Црното Море го посетуваат и Мавиѓол.
„Регионално има дневни посети од Самсун и од Трабзон. Во сабота и вторник доаѓаат автобуси на тур-оператори. Дневно Мавиѓол го посетуваат речиси 5 илјади туристи.“
Тој, исто така рече дека за време на Курбан бајрам очекуваат Мавиѓол да го посетат околу 40 илјади посетители.