Турција

Чавушоглу: Туркије ѝ предложи на Ерменија да биде домаќин на првата рунда од преговорите за нормализација

„Ерменија сè уште не е подготвена за ова поради домашниот притисок“, рече Чавушоглу

Rabia İclal Turan  | 04.07.2022 - Обновена : 05.07.2022
Чавушоглу: Туркије ѝ предложи на Ерменија да биде домаќин на првата рунда од преговорите за нормализација

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије предложи Ерменија да биде домаќин на првата рунда од преговорите за нормализација помеѓу двете земји во главниот град на Ерменија, Ереван, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ѝ дадовме предлог на Ерменија, велејќи дека можеме да го имаме првиот состанок во Ереван, но Ерменија сè уште не е подготвена за ова поради домашниот притисок“, рече Чавушоглу на заедничката конференција на министрите за надворешни и внатрешни работи на Туркије и Австрија во главниот град Анкара.

Чавушоглу рече дека ерменската дијаспора е поделена околу турско-ерменскиот процес на нормализација, додавајќи дека имало некои протести на екстремистички групи на ерменските улици.

„Ѝ благодариме на Австрија (затоа што е домаќин на преговорите на нормализација), но зошто наредните состаноци да не се одржат во Туркије или Ерменија“, праша тој.

Турскиот министер за надворешни работи исто така повтори дека неговата земја е во консултации со Азербејџан во секоја фаза во врска со процесот за нормализација.

„По сè, ние сакаме постепено да го продолжиме процесот“, рече Чавушоглу.

„Од друга страна, ние ја поддржуваме нормализацијата помеѓу Ерменија и Азербејџан“, додаде тој.

Турските и ерменските претставници за нормализација на односите го одржаа четвртиот состанок во Виена во петокот на кој се согласија да ја отворат копнената граница меѓу двете земји за граѓаните на трети земји „што е можно порано“, соопшти во петокот турското Министерство за надворешни работи.

Првата рунда на преговорите за нормализација се одржа во Москва на 14 јануари, каде и двете страни се согласија да ги продолжат преговорите без какви било предуслови, според соопштението објавено по средбата.

Турските и ерменските претставници се сретнаа по втор пат во Виена на 24 февруари и третата средба беше одржана на 3 мај во истиот град.

Исто така, историскиот билатерален состанок се одржа помеѓу министрите за надворешни работи на Туркије и Ерменија на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија на 12 март.

Како дел од напорите, Туркије и Ерменија исто така ги обновија комерцијалните летови од 2 февруари по пауза од две години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın