Ali Atmaca
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
БУРСА (АА) - Фоторепортерите на Anadolu Agency (AA) снимија серијал пејсажи во Турција и тоа од птичја перспектива, низ различни годишни времиња.
Фотографиите се направени со помош на дронови, а различните локалитети во Турција се прикажани во летно и зимско руво.
Авторите на серијалот преку фотографиите комбинирале идентични кадри од летниот и зимскиот период од годината.

На фотографиите доминираат претежно патишта и кањони кои минуваат низ зелени шуми.
Меѓу пределите кои фоторепортерите на АА ги снимија во различни годишни времиња се и езерото Ејмир во Анкара, Тврдината во Анкара, патот на планината Улудаг, патишта во шумите на црноморскиот регион, како и патишта во Измир, Кастамону, Кајсери и Ван.