Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турција денеска го критикуваше новиот проект на Израел за изградба на станбени единици во населбата Беит Ел, во близина на градот Рамала на Западниот Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжувањето на ваквите провокации, додека страдањата во Газа се сè уште свежи, покажува дека израелските власти не зеле никаква лекција од она што се случи“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
„Ние ги отфрламе овие незаконски практики на Израел“, се додава од Министерството, и се истакнува неопходноста Израел да се земе на одговорност за своите политики и практики што претставуваат кршење на меѓународното право.
Израелските министри вчера го поставија камен-темелникот за новиот проект за изградба на 350 единици за доселеници во населбата Беит Ел.
Израелската Влада ја одобри изградбата на новите станбени единици на крајот на 2020 година.
Во рамките на меѓународното право, Западниот Брег и Источен Кудс (Источен Ерусалим) се сметаат за окупирани територии и целокупните активности за изградба на еврејски населби таму за незаконски.