Hanife Erdinç
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик во подрачјето на турскиот град Чанаккале, фатени се 85 нелегални мигранти кои со гумен чамец на илегален начин се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на Крајбрежната стража, на отворени води во близина на селото Бехрамкале откриле гумен чамец кој бил упатен кон островот Лезбос, при што се фатени 58 нелегални мигранти, меѓу кои деца и жени со потекло од Авганистан.

Од друга страна, на отворени води кај местото Бурунуџу фатени се 27 нелегални мигранти со потекло од Пакистан и Авганистан, кои исто така со гумен чамец се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос.
Во крајбрежната полициска станица во Ќучуккују, биле пренесени 85 нелегални мигранти, на кои им биле обезбедени облека и храна. Мигрантите потоа се пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик за понатамошни процедури.