Mustafa Hatipoğlu,Halil Demir
12 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Џафери Садик Ероглу, припадник на терористичката организација ДХКП/Џ, наводно одговорен за Турција, приведен е во градот Саријер, јавува Агенција Анадолија (АА).
За припадникот на терористичката организација ДХКП/Џ, Џафери Садик Ероглу, наводно одговорен за Турција, Министерството за внатрешни работи започна нова истрага.
Тој претходно се наоѓаше на сивата листа на терористи. Беше уапсен, а потоа судот му одреди мерка „куќен притвор“.
Ероглу, кому повторно му беше одредена мерка за приведување, беше фатен во градот Саријер, од страна на екипите на Дирекцијата за борба против тероризмот во Истанбул.
Џафери Садик Ероглу кој се наоѓаше на сивата листа на терористи беше фатен на 26 февруари 2019 година. По смртта на Дурсун Караташ основачот на терористичката организација ДХКП/Џ во 2008 година, Ероглу беше донесен на чело на терористичката организација.