Турција

Турција: Уапсени 48 припадници на ФЕТО

Обвинителите во егејската област Измир издадоа налози за апсење за 52 овластени службеници на должност од турските воздушни сили, за кои постојат наводи дека биле тајни имами на ФЕТО“, вели изворот

Jeyhun Aliyev, Büşra Nur Bilgiç  | 19.07.2019 - Обновена : 20.07.2019
Турција: Уапсени 48 припадници на ФЕТО

ИЗМИР/ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 20 лица од воениот персонал се уапсени денес поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Обвинителите во егејската област Измир издадоа налози за апсење за 52 овластени службеници на должност од турските воздушни сили, за кои постојат наводи дека биле тајни имами на ФЕТО“, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Осомничените се обвинети дека ја користеле апликацијата „БајЛок“.

Полицијата на Измир, исто така, откри дека еден осомничен бил во контакт со високите членови на ФЕТО - Адил Оксуз, професор по теологија за кој постојат наводи дека е имам на членовите на ФЕТО во воздушните сили и клучна врска помеѓу лидерот на ФЕТО и пучистите во Турција, и Кемал Батмаз, кој е обвинет дека е втор човек на терористичката организација ФЕТО.

Полицијата досега опколи 20 осомничени лица во истовремени операции во 12 области низ Турција.

Потрагата по останатите 32 осомничени лица е во тек.

„Обвинителите во Истанбул издадоа налози за апсење на 68 осомничени лица обвинети за користење на БајЛок“, велат безбедносните извори.

Во истовремени операции во 17 области, организираната криминална гранка на безбедносните сили криминална гранка досега уапси 28 осомничени лица.

„Операциите за фаќање на другите осомничени се во тек“, вели изворот.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın