Salih Baran
26 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку 26 припадници на терористичката организација ФЕТО се уапсени во западниот турски град Едрене, при обид за бегство во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, припадниците на турските безбедносни сили на локацијата Дојран, во близина на границата со Грција, запреле шест автомобили во кои имало и деца.
Утврдено е дека станува збор за 26 лица поврзани со ФЕТО, меѓу кои и лица кои биле вработени во образовните установи на ФЕТО, оддалечени од полициските и воените служби и лица кои користеле БајЛок (ByLock), систем на шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО.
Припадниците на ФЕТО се уапсени, а малолетните лица од групата се проследени до семејствата и роднините.