Mehmet Yavaş,Suat Deniz
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ЧАНАКАЛЕ (АА) - Во градот Aјваџик, во северозападниот дел на Турција, беа уапсени 73 лица кои беа подготвени илегално да одат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, луѓето се по потекло од Авганистан, а меѓу нив се жени и деца.
Мигрантите по давањето изјава, се предадени во локалниот центар за враќање на мигрантите во нивната земја.
Во места Дидим и Кушадаси, западна Турција, беа приведени 111 имигранти кои исто така се подготвувале да патуваат илегално до грчките острови.
Мигрантите најчесто се со потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија и Ирак.
Уапсени се и пет лица за кои се сомнева дека се вклучени во шверц на луѓе.