Serdar Açıl
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
АНКАРА
Пензионираниот бригаден генерал Нури Џанкијмаз, против кого беше донесена одлука за приведување во рамки на истрагата против терористичката организација ФЕТО и беше фатен во Едрене при обид да избега во Грција, уапсен е во Анкара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По извршените процедури во полициската дирекција во Анкара, Џанкијмаз е пренесен во суд.
Џанкијмаз беше испрашуван од страна на републичкиот обвинител кој ја водеше истрагата, а потоа е уапсен од страна на дежурниот суд.
Републичкото главно обвинителство во Анкара на 27 февруари донесе одлука за приведување на неколку високи воени претставници, меѓу кои и Џанкијмаз.
Пет лица, меѓу кои и Џанкијмаз, на 25 февруари беа приведени во Едрене при обид да избегаат во Грција, а потоа биле пренесени во Анкара.