Burak Bir
23 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Планираниот турски мегапроект „Канал Истанбул“ денес доби зелено светло во однос на еколошката оправданост на проектот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за животна средина и урбанизам даде одобрение за извештајот, предаден пред повеќе од една година откако се завршени проценките за влијанието врз животната средина и истражувачките работи во август 2018 година.
Извештајот ќе биде презентиран пред јавноста во период од 10 дена во Министерството и во Директоратот за животна средина и урбанизам, за произнесување на јавноста во врска со него.
„Каналот Истанбул“ е еден од најстратешките мегапроекти на Турција со кој се планира елиминирање на растечкиот ризик што го создаваат бродовите кои превезуваат опасни материи преку Босфорот.
Каналот долг 45 километри, што ќе се гради западно од центарот на градот, на европската страна на областа Истанбул, ќе го зголеми капацитетот на 160 бродови на ден.