Sena Güler
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
МУГЛА/АНКАРА/БАЛИКЕШИР/ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 33 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација (ФЕТО) се приведени денеска во Турција, информираат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тимовите на крајбрежната стража во подрачјето Мармарис во југозападната област Мугла започнаа операција за да ги фатат осомничените лица откако откриле дека тие се обидувале да побегнат во Грција“, вели изворот, кој не сакаше да биде именуван.
„Тимовите приведоа 13 осомничени лица, вклучувајќи отпуштени војници, полициски службеници, акушерки и наставници, за кои се во тек и судските постапки“, додаде изворот.
Во турскиот главен град Анкара обвинителите издадоа налози за приведување на 9 осомничени лица поради наводно протекување на испитни прашања од Полицискиот оддел во 2005 година до кандидатите поврзани со ФЕТО.
„Седуммина од осомничените, од кои петмина отпуштени, се полицајци, а двајцата се наставници“, тврди извор од обезбедувањето.
„Во северозападната област Баликешир обвинителите издадоа налози за приведување на 19 осомничени лица, како дел од истрагата во тајните операции на терористичката организација во војската“, вели изворот кој зборуваше под услов на анонимност.
Осомничените, вклучувајќи 10 војници на должност и 9 отпуштени војници, се обвинети дека регуларно комуницирале со членовите на ФЕТО преку говорници.
Полициските тимови започнаа операција за да ги фатат осомничените во Баликешир, која се прошири во девет други операции низ земјата.
Уште една операција е започната во Истанбул и е проширена во седум други области, а безбедносните сили трагаат по 37 осомничени, кои се товарат дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки „БајЛок“.
Дваесет лица од осомничените, вклучувајќи отпуштен полициски службеник, наставник, лекар, даночен инспектор и царински службеник се приведени, додека многу документи на организацијата се запленети во операцијата.
Единаесет лица од осомничените се во странство. Операцијата за да се фатат останатите осомничени 6 лица кои се во бегство е во тек.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.