Burak Dağ
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку шестмина припадници на ПКК се приведени денес под сомнение за терористички активности на социјалните мрежи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската полиција спроведе истовремени антитерористички операции во седум дистрикти во Истанбул против осум лица осомничени за членување во ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК, кои влегле во Турција илегално.
Осомничените презеле профили на институции и организации на социјалните мрежи и презентирале пропаганда преку нив.
Полицијата при рациите запленила рамки за куршуми, пиштол, документи поврзани со терористичката организација и дигитален материјал.
Властите сè уште се во потрага по двајца осомничени.
Анкара постојано предупредува против соработката со групите како ПДК/ПКК, ЈПГ/ПКК и СДГ/ПКК, кои Анкара ги смета за ПКК, но под различни имиња.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Над 1.200 лица, меѓу кои и припадници на безбедносните сили и цивили, ги загубија животите откако ПКК ги продолжи терористичките акти во јули 2015 година.