Aziz Aslan
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во рамки на истрагата против терористичката организација ПКК во турската област Дијарбакир, донесена е одлука за приведување на 101 осомничен од различни стручни групи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истрагата е започната од страна на Републичкото главно обвинителство во Дијарбакир, во чии рамки донесена е одлука за приведување на 101 осомничен.
Се истакнува дека овие осомничени се од различни стручни групи, за кои е откриено дека биле делегати на Демократскиот општествен конгрес (ДТК) кој е таканаречен „законодавен орган“ на терористичката организација ПКК, како и дека вршеле активности во име на оваа структура.
Тимовите на Полициската дирекција започнаа операција за приведување на осомничените во Дијарбакир, Измир, Истанбул и Адијаман.