Emin Avundukluoğlu
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Судот во Анкара денес издаде налози за приведување на 48 членови на ПКК/ПЈД, вклучувајќи и раководни лица, во врска со терористичкиот напад во Анкара, во февруари оваа година, во кој загинаа 29 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот побара да бидат приведени Ремзи Картал и Зубеир Ајдар, за кои се вели дека се високи членови на ПКК во Европа, во врска со нападот, вели судскиот извор под услов на анонимност.
Изворот додаде дека судот исто така издал налози за приведување на високи раководни членови на ПКК, како што се Мурат Карајилан, Џемил Бај’к, и Фехман Хусеин, како и Салих Муслим, лидерот на ПЈД, сирискиот огранок на ПКК.
Експлозијата се случи на 17 февруари, во близина на турскиот Генералштаб и зградата на Парламентот во турскиот главен град.
Во нападот загинаа 29 лица, а 15 осомничени беа приведени подоцна.