Davut Demircan
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 4.073 илегални мигранти беа задржани во Турција во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (АА).
Најмалку 1.624 мигранти се фатени во неколку операции спроведени од страна на жандармерските сили во северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.
Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги интензивирала активностите за испраќање на илегалните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.
Во крајбрежните области Чанаккале, Баликешир, Ајдин, Измир и Мугла, турската Крајбрежна стража и жандармериските сили задржаа вкупно 2.170 мигранти додека се обидувале да преминат во Европа преку Грција.
Жандармериските сили фатија 48 мигранти во северозападната област Киркларели.
Пограничните сили и полицијата во јужната област Хатај фатија 171 мигрант кои се обидувале да влезат во Турција од Сирија по илегален пат.
Во централните области Кајсери и Киршехир од страна на полицијата и жандармериските сили се фатени вкупно 60 мигранти.
Меѓу мигрантите се наоѓаат државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, Тунис, Кувајт, Мароко, Египет, Либија, Бангладеш, Алжир, Сомалија, Гана, Јемен, Палестина, Непал, Еритреја и Нигерија.
Сите мигранти фатени во текот на неделата се хоспитализирани за медицински третман или се пренесени во обласните канцеларии за миграции.
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во 2018 година, во Турција се задржани околу 268.000 илегални мигранти.
Турција е клучна транзитна точка за илегалните мигранти, кои имаат за цел да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонство.