Erdoğan Çağatay Zontur
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските обвинителства издадоа налози за апсење на 214 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, изјави денес судски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Анкара издаде налози за приведување на 140 припадници кои биле дел од мрежата на ФЕТО инфилтрирана во Турските вооружени сили (TSK). Меѓу осомничените се наоѓа и 41 војник на должност во копнените, воздушните и поморските сили.
Обвинителството во Истанбул издаде налози за апсење на уште 74 осомничени лица, за кои постојат налози дека се поврзани со ФЕТО.
Турските безбедносни сили извршија акции во 18 области и претресоа објекти на 92 адреси.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а чие испорачување Турција официјално го бараше од САД.
Припадниците на таа организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството низ наместен процес за наводна корупција направија обид за процесуирање на голем број високи службеници.
Неколку години подоцна следуваше и крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули 2016 година офицерите во турската војска, лојални на таа терористичка организација, се обидоа да извршат пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските официјални претставници. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а ранети се околу 2.200 лица.