Büşra Nur Bilgiç
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ИЗМИР/КОЊА (АА) - Турските обвинители издадоа налози за апсење на 128 лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Налозите за апсење беа издадени како дел од истрагата на обвинителите во западен Измир и централна Коња, за тајната мрежа на терористичката организација инфилтрирана во турските вооружени сили.
„Обвинителите во Измир издадоа налози за апсење на 65 осомничени лица“, изјави извор, кој зборуваше под услов на анонимност.
Од осомничените лица, 48 се војници на должност, за кои било откриено дека комуницирале со тајните имами на ФЕТО преку телефонски говорници.
„Обвинителите во Коња издадоа налози за апсење за уште 63 осомничени лица“, истакна друг судски извор. Тие, исто така биле во контакт со имамите.
Исто така, безбедносни операции беа спроведени низ 30 области.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.