Halil Demir
28 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Во полициска операција во квартот Зејтинбурну во Истанбул во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ во петок се приведени 17 лица, меѓу кои се наоѓале 15 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата против ДЕАШ турската полиција во квартот Зејтинбурну изврши претрес во седум објекти.
Во таа прилика приведени се вкупно 17 лица, меѓу кои се наоѓале 15 странски државјани.
Во текот на операцијата во објектите во кои е извршен претрес пронајдени се бројни дигитални и пишани документи.
Полицијата соопшти дека странските државјани ќе бидат депортирани, додека против преостанатите две лица истрагата ќе биде продолжена.
Осомниченото лице со иницијалите К.Т. наводно им помагаше на лицата кои стасале од странство да преминат во Сирија за да им се придружат на ДЕАШ.