Mustafa Yıldırım
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ИЗМИР (АА) - Во обид на илегален премин од Турција во Грција фатени се 160 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
На подрачјето на турските места Чешме и Дикили извршени се пет акции против странските државјани кои се обидуваат илегално да влезат или излезат од земјата. Во акциите се фатени 260 сириски државјани кои се обидувале да дојдат до некои грчки острови.
Запленети се 52 елеци за спасување, камион кој го користеле за транспорт, три гумени чамци и бродче. Мигрантите ќе бидат предадени на Канцеларијата за управување со миграции во Измир.