İlhami Çetin
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
БОЛУ (АА) - Во областа Мудурну во Болу, северна Турција, расцветаа качунките кои го најавуваат доаѓањето на пролетта.
Откако снегот почна да се топи, на двете страни на Автопатот „Мудурну - Акјази“ почнаа да се појавуваат качунките во виолетови и жолти бои.
Областа каде што расцветаа качунките нуди прекрасен пејзаж.
Качунките, кои се меѓу ендемските растителни видови, привлекуваат внимание со својот изглед и мирис.
Граѓаните го овековечуваат моментот фотографирајќи ја прекрасната глетка која ја нудат разнобојните цвеќиња.