Zehra Nur Düz
10 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турција доби награда за „Најдобра странска дестинација“ на 6. Патувачки фестивал 2019 година во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
„6. Патувачки фестивал 2019 е организиран од страна на кинескиот клуб како дел од настанот „I Driver Ceremony“ во Шангај, најголемиот кинески град“, се истакнува во соопштението на турското Министерство за култура и туризам.
Голем број настани беа организирани од министерството со цел промоција на Турција низ Кина, откако 2018 година во Кина беше одбележана како Година на турскиот туризам.
„Огнот на Анатолија“ („Fire of Anatolia“) во април го изведе мјузиклот „Троја“ („Troy“), како дел од Годината на турски туристички активности организирани од Министерството за култура и туризам во Кина.
Екипата на телевизијата „Џеѓанг“, еден од најголемите телевизиски канали во Кина, беше угостен во подрачјето Фетије во турската југозападна област Мугла.
На кинескиот туристички сектор, на претставниците на државните институции, дипломатските мисии, како и на креаторите на јавното мислењето во 2018 година им беше претставена турската кујна.
Бројот на кинеските туристи се искачи на 394.000, односно за 59,38 отсто во 2018 година, благодарение на активностите организирани од страна на турското Министерство за култура и туризам во Кина.