Fahri Aksüt
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (AA) - Разговорите меѓу турската и руската делегација во Анкара, по воспоставувањето на примирјето во сирискиот град Идлиб, се во тек и во позитивна атмосфера, се соопштува од Министерството за одбрана на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од турското Министерство е наведено дека разговорите со руската воена делегација во Анкара ќе бидат завршени денес, а дека досегашниот тек на разговорите бил многу позитивен и конструктивен.
Во соопштението понатаму се наведени активностите на турските безбедносни сили, а истакнато е дека во регионот на операцијата „Извор на мирот“ во последниот месец се неутрализирани 155 терористи, додека во останатите антитерористички акции во и надвор од границите на земјата се неутрализирани уште 87 терористи.
Во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО од обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, од службата се суспендирани 19.075 лица, додека правна постапка се води против уште 5.183 лица.
По започнувањето на операцијата „Пролетен штит“, повеќе од 3.000 турски граѓани се пријавија во војска барајќи доброволно служење воен рок.
Од безбедносните извори е наведено дека продолжуваат должностите на набљудувачките точки во Идлиб и дека не се точни наводите дека Турција го повлекува тешкото вооружување од Идлиб.