Турција

Турските сили од терористите на ПКК запленија 150 килограми експлозив

Тимовите на обласната жандармерија во руралните подрачја на месноста Омерли извршиле пребарување на теренот при кое се откриени 150 килограми експлозив, 80 метри бакарен кабел, облека на терористите, храна...

Halil İbrahim Sincar  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
Турските сили од терористите на ПКК запленија 150 килограми експлозив АА/Архива

Mardin

МАРДИН (АА) - Во руралните предели на месноста Омерли, во рамките на операцијата против терористичката организација ПКК, во пластично буре откриени се 150 килограми експлозив и монтирана рачно изработена експлозивна направа, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го даде Гувернерството се вели дека тимовите на обласната жандармерија, на 19 јануари, во руралните подрачја на месноста Омерли извршиле пребарување на теренот при кое се откриени 150 килограми експлозив, 80 метри бакарен кабел, облека на терористите, храна и средства за живот.

Во продолжение на соопштението се истакнува дека сеопфатните операции против терористите продолжуваат, со цел осигурување на мирот и безбедноста на населението во подрачјето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.