Ferdi Türkten
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Четворица терористи на терористичката организација ПКК/КЏК се неутрализирани во заедничка операција на Турските вооружени сили (ТСК) и разузнавачките служби во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според безбедносни извори, Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) и Вооружените сили на Турција спроведоа заедничка операција во регионот Гара во северен Ирак против терористите на терористичката организација ПКК/КЏК.
Во операцијата беа неутрализирани четворица терористи на ПКК/КЏК.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.