Турција

Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

Командосите ги неутрализирале терористите откако тие отвориле оган врз турските сили во зоната на операцијата „Извор на мирот“, во која се обиделе да се инфилтрираат

Gözde Bayar  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа најмалку тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Командосите ги неутрализирале терористите откако тие отвориле оган врз турските сили во зоната на операцијата „Извор на мирот“, во која се обиделе да се инфилтрираат „со цел нарушување на мирот и безбедноста во подрачјето“, соопшти Министерството преку Твитер.

Оттаму нагласија дека турските сили ќе продолжат да одговараат на обидите за напади на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.