Dilara Hamit
25 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денес неутрализираа седум терористи во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на Твитер, Министерството истакна дека земени како цел се терористичките позиции во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и утврдено е дека неутрализирани се најмалку седум терористи.
Операцијата во регионот продолжува.
Вчера, двајца турски војници загинаа, а исто толку беа повредени кога терористите нападнаа оклопно возило што превезуваше војници во северна Сирија.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019). Целта на овие операции беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, спречување на формирањето терористички коридор и воспоставување безбедна зона за цивилите.