Jeyhun Aliyev
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турските и руските трупи ја завршија осмата рунда од заедничката копнена патрола во северна Сирија во рамките на договорот постигнат минатиот месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во регионот на Ајн ал Араб [Кобани] каде што е извршена копнената патрола, учествуваа и беспилотни летала придружени од четири возила од двете страни, односно од вкупно осум возила“, се соопштува денес од Министерството за одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека патролата била спроведена на 10 километри од турската граница во должина од 34 километри.
Првата заедничка копнена патрола се изврши на 1 ноември во близина на подрачјето на Рас ал Ајн и Камишли, источно од реката Еуфрат.
Во саботата беше извршена 7. копнена патрола во регионот на Камишли и Дерик.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница и формирање безбедносна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тоа подрачје.
Турција и Русија на 22 октомври во Сочи постигнаа договор за привремено прекинување на турската операција, со цел повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од пограничниот појас на Сирија. Договорено е турските и руските сили заеднички да патролираат во тоа подрачје, а првата ваква копнена патрола беше реализирана на 1 ноември на подрачјето помеѓу Рас ал Ајн и Камишли.