Mehmet Tosun
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
АНКАРА (AA) - Турските воздушни сили ги гаѓаа камповите на терористичката организација ПКК на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните сили на таа земја ги гаѓале новооткриените кампови и засолништа на терористите во планинскиот појас Зап, Метина и Авашин-Басјан во пограничниот појас на Ирак.
Во нападите уништено е складиште на оружје и муниција.
Сите бомбардери кои учествуваа во нападот се вратија во базата по успешно извршената задача.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат на северот на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија.