Gözde Bayar
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили приведоа 100 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 13 осомничени, вклучувајќи девет лица во активна служба, еден постар член и тројца отпуштени наредници.
Осомничените се товарат дека преку говорници комуницирале со „тајните имами“, кои се високи припадници на ФЕТО, и за поврзаност со тајните служби на терористичката организација во Командата на турските копнени сили.
Антитерористичките единици на полицијата досега приведоа 10 осомничени.
Во Анкара исто така се издадени налози за приведување на уште 17 осомничени лица за поврзаност со високи припадници на ФЕТО, за користење на „БајЛок“ (ByLock), шифрирана апликација за пораки за паметни телефони на терористичката организација, и за членување во ФЕТО.
Полициските тимови приведоа 15 осомничени лица, а потрагата по останатите осомничени продолжува.
„Вкупно 52 осомничени се приведени во истовремени операции раководени од Истанбул низ 33 области на Турција“, вели безбедносен извор.
„Обвинителите во Истанбул издадоа налози за приведување на 118 лица од персоналот на Командата на турските копнени сили, вклучувајќи 10 војници во активна служба“, вели изворот, којшто сакаше да остане анонимен.
„Тие се товарат дека комуницирале преку говорници со другите членови на ФЕТО“, изјави изворот. „Потрагата по 53 осомничени, што се во бегство, е во тек, додека 13 од нив е пријавено дека се во странство.“
„Уште шест осомничени лица се приведени во операциите покренати од Баликесир низ пет области“, велат безбедносни извори.
„Обвинителите во северозападната област Баликесир издадоа налози за приведување на осум осомничени лица кои се товарат за користење на апликацијата за пораки „БајЛок“. Потрагата по останатите осомничени е во тек“, додаваат изворите.
„Околу 17 осомничени лица се приведени во операциите покренати од Нигде низ седум области“, вели безбедносен извор.
Обвинителите во централната област Нигде издадоа налози за приведува на 17 осомничени женски лица кои се товарат дека биле поврзани со структури на ФЕТО.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.