Merve Berker
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 15 терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК, вклучително и двајца таканаречени високи членови, во близина на турската граница со северна Сирија, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите беа цел во зоните каде беа реализирани операциите „Извор на мирот“, „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ за време на обидот од страна на терористите да го нарушат мирот и безбедноста во регионот, соопшти Министерството на Твитер.
Турските власти го користат терминот неутрализира за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или фатени.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.